|
|
|
|
|
|
АМЕРИКАНСКИ ПОКЕР (ENG) Една од многуте варијанти на играта Покер е Американски Покер. Во оваа
варијанта на Покер четири од пет карти на играчите се делат отворени, а една
затворена. На посебна табла на
масата е наведено минималното учество или декларе, односно минимален износ
жетони потребен за да може играчот да учествува во играта. Во текот на играта
вкупниот износ жетони кои играчот може да ги вложува се нарекува „тејбл
стеик“. За време на круг на игра не смее да се додаваат или одземаат жетони
од тејбл стеикот. Играта се игра со целосен шпил кој содржи 52 карти.
КАКО СЕ ИГРА Пред да започне
делењето на картите играчите ставаат влог во потот кој се нарекува „анте“ или
„чип“. Потоа крупието, во насока во која се движат стрелките на часовникот, на секој играч му поделува по една затворена и по една отворена карта почнувајќи со играчот кој се наоѓа на „бак“ позицијата. „Бак“ значи маркер со кој се означува играчот кој ќе ја добива првата поделена карта во секое делење. Играчот со највисоката отворена карта на масата го отвора првиот круг на вложување. Може да стави не помалку од износот на минималниот влог или може да стои. Потоа во насока во која се движат стрелките на часовникот, секој играч има можност да одговори на влогот, да одговори и да го зголеми да стои или да се откаже. До крајот на кругот на игра се делат уште по три отворени карти на секој активен играч и после секоја поделена карта има круг на вложување. Секој играч учествува во потот со потребниот износ жетони освен во случај
кога нема доволен „тејбл стеик“ за да го следи влогот, а сака да остане во
игра. Тогаш тој ќе ги вложи сите преостанати жетони. Тоа се нарекува „ол-ин“
и за тој играч се прави посебен пот. Со завршувањето на последниот круг на
вложување играчот кој прв донесол одлука за својот влог е првиот кој ќе ја
отвори затворената карта, а веднаш по него и останатите играчи кои се во игра
за потот. Крупието потоа ја прогласува победничката рака.
Рангирање на картите и
редослед на "рацете" Американски Покер се игра со комплетен шпил кој се состои од 52 карти
составени од 4 еднакви низи и секој низ содржи: Кец, Крал, Дама, Џандар, 10, 9, 8, 7, 6, 5,
4, 3, 2 кои се нарекуваат комплетен шпил. Рангот на картите почнувајќи од највисоката кон најниската е: А, К, Q, Ј, 10, 9, 8, 7,
6, 5, 4, 3, и 2. Кецовите можат да се рангираат како највисока карта (на
пр.А, К, Q, Ј, 10) или како најниска карта (на пр.5, 4, 3, 2, А). Сите други карти
се бројат како што се означени. Ниту една низа (боја) нема повисок ранг од
другите. Значи срце ♥, треф ♣, каро ♦ и пик ♠ имаат ист ранг. Редоследот на рацете од највисоката кон најниската е следниов: а) Ројал Флеш (Royal Flush): 10, Ј, Q, К и А од иста боја; б) Стрејт Флеш (Straight Flush): Било кои пет карти од иста боја по ред со 9, 10, J, Q и К како најсилен стрејт флеш и А, 2, 3, 4 и
5 како најслаб стрејт флеш; в) Каре (Four of a Kind): Било кои четири карти со иста вредност (4А, 4К, 4Ј...); г) Фул (Хаус) - (Full House): Било кои три и било кои две карти со иста вредност (3К и 2Ј...); д) Флеш (Flush): Било кои пет карти од иста боја; - Во случај кога двајца или повеќе играчи имаат флеш (боја), во ист круг на
игра, добива бојата од оној играч кој има највисоко рангирана карта. ѓ)
Стрејт (Straight): Било кои пет карти од различна боја по ред со 10, Ј, Q, К и А како
најсилен стрејт и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт; е)
Трилинг (Three of a Kind): Било кои три карти со иста вредност; ж) Два пара (Two Pairs): Било кои два пара карти со иста вредност; з) Пар (One Pair): Било кои две карти со иста вредност; ѕ) Највисока карта (High Card): Пет различни карти по боја и вредност кои не може да се спарат и се
вреднува највисоко рангираната карта.
|
|
|
|
|
|
ÈÃÐÈ ËÎÊÀÖÈ£À ÈÇÍÀ£ÌÅÍÈ ËÎÊÀÖÈÈ ×ËÅÍÎÂÈ ÊÎÍÒÀÊÒ
Copyright © LeGrand Casino - 2007 |