LOCATION












..

ИЗВАДОЦИ ОД ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТА НА ИГРАЧНИЦИТЕ ЗА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА

 

Член 1

Играчницата извршува специфична дејност со давање услуги на гости од странство и домашни гости, со организирање и приредување посебни игри на среќа според законот за игри на среќа.

 

Член 3

Во играчницата се приредуваат посебни игри на среќа според законот за игри на среќа и за забавните игри. Тие игри се:

- игри со топчиња (рулет, кено и сл.)

- игри со карти (блек џек, медитерански покер, лет ит рајд, пунто банко, мини пунто банко, покер со пет карти, тексас холдем покер и сл.)

- игри со коцки (петка глава, две коцки и сл.)

- игри на автомати.

За овие игри се приложуваат правила кои се составен дел од овој правилник. Правилата како и правилникот се истакнати и достапни за учесниците во игрите.

Член 4

Во играчницата се игра со жетони кои се купуваат на благајна или на маса.

 

Член 5

Исплатата на жетоните не мора да се врши во иста валута во која е извршено купувањето.

Член 6

Покрај приредување игри на среќа во играчницата може да се приредат и пружат и угостителски услуги.

Член 7

Рецепционерите како и работниците за обезбедување се обврзани според законот при влезот во играчницата да извршат идентификација на гостите.

Работниците од обезбедувањето се должни да извршат проверка на сите лица што влегуваат во казиното за поседување оружје или други средства со кои би се нарушил редот и безбедноста на гостите и персоналот во играчницата.

Став 2

На гостин во играчницата може да му се ускрати престојот во играчницата во колку непристојно се однесува, ги попречува другите гости, не е облечен според правилникот за облекување на играчницата, ако е под влијание на алкохол или наркотични средства и од безбедносни и други оправдани причини за што одлучува Менаџерот на смена.

 

Став 3

Менаџментот на играчницата за одредени гости за кои смета дека ги злоупотребуваат привилегиите што ги дава играчницата за играчите (бесплатна храна и пијалок, учество во наградни игри и сл.), пред да им дозволи влез во играчницата може да побара да сменат одредена сума пари за која ќе им се издадат жетони за игра во соодветна противвредност.

Став 4

Менаџментот на играчницата може по потреба и по своја проценка да одлучи за влез во казиното да се наплатува влезница.

 

Член 8

Забрането е внесување опасни предмети, направи, оружје, камери, фотоапарати, мобилни телефони, електронски направи од било каков вид и сл.

Член 9

Приредувањето на посебни игри на среќа во играчниците се врши на начин вообичаен во светот и во согласност со прописите на Република Македонија и овој правилник.

 

Член 10

Ставот на Раководителот-Генералниот Менаџер на играчницата е конечен, а во случај на негово отсуство ставот на Менаџерот на смена е меродавен.

 

Член 12

Минималната и максималната висина на влогот што го одредува Раководителот-Генералниот Менаџер на играчницата мора да биде јасно напишан на табла која е поставена на секоја маса посебно.

 

Член 14

Доколку играчите играат на повеќе маси мораат сами да ги надгледуваат своите влогови, а посебно мора да внимаваат влоговите да не им бидат поместени или изменети бидејќи последиците нема да  ги сноси играчницата.

 

Член 15

Крупието може но не е обврзан да прими влогови и истите да ги вложи за играчот. Влоговите мора да се јасно и гласно искажани од играчот. Во тој случај играчот мора сам да контролира дали поставувањето на жетоните е извршено правилно.

 

Член 16

После зборовите „не вложувајте повеќе“ – “no more bets“ сите влогови се неважечки и се одбиваат.

Влоговите за кои Менаџерот на смена или Пит Босот ќе утврдат дека се напуштени ќе бидат повлечени и депонирани.

 

Член 17

Евентуалните приговори мора да бидат доставени уште за време на траењето на играта. Откако резултатот ќе биде познат, се признаваат само влоговите кои се правилно поставени и најавени и на начин како ќе ги сфати инспекторот на масата.

 

Член 18

Раководителот и Менаџерот на смена можат да отвораат и затвораат маси во текот на работата на играчницата во зависност од тоа со колку персонал располагаат и од нивна лична проценка за обемот на ангажирање на персоналот. Тоа ќе зависи и од организациските можности на играчницата.

                                                     

Член 19

Раководителот и Менаџерот на смена ако согледаат дека има потреба може да ги менуваат минимумите и максимумите на масите според свое лично убедување.

 

Член 20

Раководителот и Менаџерот на смена имаат право да забранат точење алкохол за одредени гости ако заклучат дека е тоа потребно.

 

Член 22

Раководителот  - Генералниот Менаџер на играчницата и менаџерот на смена имаат право во секој момент да извршат замена на жетони, карти, сабоа за делење карти, топчиња и цилиндри без да ги објаснуваат причините за тоа на гостите.              

                                    

Став 1

Пред почетокот на игрите со карти, картите се ставаат на увид на играчите. Играч кој подоцна се вклучил во играта ќе се смета дека ја прифатил регуларноста на картите и секаква додатна рекламација во таа смисла нема да биде прифатена.

 

Член 26

На масите за играње може да бидат присутни само играчи кои учествуваат во играта.

 

Член 27

Строго е забранет влез во просторијата за контрола на игрите. Снимките на игрите никој нема право да ги гледа освен овластени лица од државните органи и е забрането секакво изнесување видео материјали од играчницата.

 

Член 29

Исплатата на добивките ќе се врши според максимално одредениот влог означен на табла на секоја маса. Добивките на играчите се исплаќаат по нивно барање веднаш, но ако нема во касата доволно пари остатокот ќе се исплати откако ќе се подигнат пари од банка наредниот работен ден со тоа што претходно ќе се издаде потврда на добитникот.

 

Член 30

Доколку се посомнева во исправноста на масата, картите, топчињата, уредите на масата, во случај на виша сила и сл., Раководителот и Менаџерот на смена може да ја суспендираат играта во играчницата или само на одредена маса без да ги објаснуваат причините за тоа на играчите.

 

Став 1

Раководителот и Менаџерот на смена имаат право, без претходна најава и образложение на играчите, да затворат одредена маса ако е во загуба над 50000 евра.

 

Член 38

Работникот за обезбедување врши идентификација на гостите, проверка за оружје и други недозволени средства, одржување на редот и мирот во играчницата, по потреба ги отстранува гостите кои направиле некои неправилности или се под дејство на алкохол и др.

 

Став 1

Работникот за обезбедување е должен, во случај некој гостин да изврши кражба или некое кривично дело, да го задржи додека не дојдат органите на прогонот.

 

Член 44

Добивката кај автоматите за игри на среќа е точно утврдена според шемите кои се наоѓаат на самиот автомат и се видливи за секој играч. Добивката се исплаќа од самиот автомат во жетони со исклучок на џек пот добивките кои ги исплаќа благајникот на играчницата.

 

Член 45

Вредноста на еден жетон ја одредува приредувачот на играта.

 

Член 46

Овој правилник е поставен на видно место и е достапен за играчите на увид по нивно барање во присуство на раководно лице и не смее да се изнесува надвор од играчницата.

 

                                                                

 

 


ИГРИ ЛОКАЦИЈА LODGING ЧЛЕНОВИ КОНТАКТ

ИЗВАДОЦИ ОД ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТА НА ИГРАЧНИЦИТЕ ЗА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА

Copyright © LeGrand Casino - 2007
Скопје - Битола, Р. Македонија
Дизајнирано од Артисофт