Медитерански покер

Медитеранскиот покер е игра во која играчите и крупието добиваат по 5 карти и играат меѓу себе. Се употребува стандарден шпил со 52 карти без џокери.

За да учествувате во играта потребно е да вложите одредена сума (зависно од минимумот и максимумот) во "Анте" боксот. Потоа вие и останатите играчи добивате по 5 затворени карти, а крупието 4 затворени и една отворена. Откако ќе ги видите картите имате избор да се откажете или да продолжите. Ако се откажете го губите "Анте" влогот, а ако продолжувате понатаму потребно е да вложите дупло од "Анте". Во овој дел од играта имате право да замените една од петте карти но мора да ставите влог еднаков на "Анте" врз картата што ја менувате. Потоа крупието ќе ги повлече картата и жетоните и ќе ви подели нова карта.

Откако играчите ќе ги спроведат своите одлуки крупието ќе ги отвори останатите 4 карти.

Крупието може да игра само ако во петте карти има најмалку Кец и Крал или повисока комбинација. Ако крупието има помала комбинација од Кец и Крал тогаш објавува дека "нема рака" и го плаќа "Анте" влогот во однос 1 за 1, а во однос на влогот ситуацијата се смета за нерешена и тој ниту се зема ниту се исплаќа. Кога крупието има Кец и Крал или поголема комбинација, тој ги споредува своите карти со картите на играчите. На оние играчи чии карти се појаки од оние на крупието им се исплаќа "Анте" влогот 1 за 1, а вториот влог му се исплаќа на следниов начин:

Eден пар или Кец и Крал 1 - 1
Два пара 2 - 1
Три исти (трилинг) 3 - 1
Стрејт 4 - 1
Боја 5 - 1
Фул хаус 7 - 1
Четири исти (каре) 20 - 1
Стрејт флеш 50 - 1
Ројал флеш 200 - 1

Сите добивки се исплаќаат до максималната исплата означена на табла на масата во износ до 5000 €.

БОНУС

Покрај стандардните добивки, во оваа игра постојат и бонус добивки. За да учествувате за бонус добивките, покрај двата вообичаени влога мора да ставите влог и во полето за бонус. Ако имате било која од петте најјаки раце, како додаток на вашиот „Анте“ и влогот, ќе го добиете и следниов бонус:

Ројал флеш 1000 EUR
Стрејт флеш 250 EUR
Четири исти (каре) 125 EUR
Фул хаус 50 EUR
Боја 25 EUR

РАНГИРАЊЕ НА КАРТИТЕ И РЕДОСЛЕД НА "РАЦЕТЕ"

Медитерански Покер се игра со комплетен шпил кој се состои од 52 карти составени од 4 еднакви низи и секој низ содржи: Кец, Крал, Дама, Џандар, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 кои се нарекуваат комплетен шпил. Рангот на картите почнувајќи од највисоката кон најниската е: А, К, Q, Ј, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, и 2. Кецовите можат да се рангираат како највисока карта (на пр.А, К, Q, Ј, 10) или како најниска карта (на пр.5, 4, 3, 2, А). Сите други карти се бројат како што се означени. Ниту една низа (боја) нема повисок ранг од другите. Значи срце ♥, треф ♣, каро ♦ и пик ♠ имаат ист ранг.

Редоследот на рацете од највисоката кон најниската е следниов:

  1. Ројал Флеш (Royal Flush): 10, J, Q, К и А од иста боја;
  2. Стрејт Флеш (Straight Flush): Било кои пет карти од иста боја по ред со 9, 10, J, Q и К како најсилен стрејт флеш и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт флеш;
  3. Каре (Four of a Kind) Било кои четири карти со иста вредност (4А, 4К, 4Ј...);
  4. Фул (Хаус) - (Full House): Било кои три и било кои две карти со иста вредност (3К и 2Ј...);
  5. Флеш (Flush) Било кои пет карти од иста боја;;

    - Во случај кога двајца или повеќе играчи имаат флеш (боја), во ист круг на игра, добива бојата од оној играч кој има највисоко рангирана карта..

  6. Стрејт (Straight): Било кои пет карти од различна боја по ред со 10, Ј, Q, К и А како најсилен стрејт и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт;
  7. Трилинг (Three of a Kind): Било кои три карти со иста вредност;
  8. Два пара (Two Pairs): Било кои два пара карти со иста вредност;
  9. Пар (One Pair): Било кои две карти со иста вредност;
  10. Највисока карта (High Card): Пет различни карти по боја и вредност кои не може да се спарат и се вреднува највисоко рангираната карта.