ЛОКАЦИИ












..

 

ТУРНИРИ (ENG)

 

„Ле Гранд Казино“ – Скопје организира турнири во Блек Џек и во Тексас Холдем Покер.

  

 

Организација на турнирите во Блек Џек

 

Турнирите во Блек Џек се организираат секој вторник со почеток во 23.00 часот.

Играчите ќе можат да се пријавуваат на денот на одржувањето на турнирот на касата од казиното.

За учество се уплаќаат 50 € кои ќе влезат во фондот за награди. Куќата ќе учествува со 2000 € ако бројот на играчите изнесува од 10 до 14, и со 3000 € ако бројот на играчите изнесува од 15 и повеќе.

Се делат три „кондури“ (сабоа).

Натпреварувачите ќе треба да купат жетони во износ од 100 € и ќе можат да докупат жетони за уште 100 € до почетокот на третата кондура (сабо), во секоја етапа од турнирот посебно.

Во зависност од бројот на играчи ќе има две или три етапи на игра, (четвртфинале, полуфинале и финале).

За да се одржи еден турнир потребно е да учествуваат минимум 10 играчи.

Наградите изнесуваат 50% за прво, 30% за второ и 20% за трето место.

 

Организација на турнирите во Тексас Холдем Покер

 

Турнирите во Тексас Холдем Покер се организираат секој петок и секоја последна сабота во месецот.

Пред почетокот на турнирот секој играч, со цел да се квалификува како натпреварувач на турнирот, ќе има обврска да плати 100 €. Тие пари ќе бидат наменети на фондот за награди.

Учесниците на турнирот ќе добијат невредносни жетони за игра во износ од 1000 €.

На секој играч ќе му биде дозволено едно докупување жетони во износ од 100 € во првиот час од играта.

Во зависност од бројот на играчи, играта ќе се изведува на три маси истовремено според систем на елиминации. Тоа значи дека со излегувањето на играчите од игра, откако ќе ги загубат жетоните, ќе се ослободат места на масите и ќе се изврши соодветно прераспределување на останатите играчи со цел да останат две маси и потоа на истиот начин ќе остане една маса.

Секој петок куќата учествува во фондот за награди со 50% од вкупната уплата на играчите.

Секоја последна сабота во месецот куќата учествува во фондот за награди со 100% од вкупната уплата на играчите.

Играчите кои на финалната маса ќе ги освојат првите три места ќе го поделат наградниот фонд и тоа за прво место следуваат 60%, за второ место 25% и за трето место 15%.

 

 

 


ИГРИ ЛОКАЦИЈА LODGING ЧЛЕНОВИ КОНТАКТ

ИЗВАДОЦИ ОД ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТА НА ИГРАЧНИЦИТЕ ЗА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА

Copyright © LeGrand Casino - 2007
Скопје - Битола, Р. Македонија
Дизајнирано од Артисофт